ХОЛАНДИЈА – АМСТЕРДАМ
– AMSTERDAM – ZAANSE SCHANS – VOLENDAM – HAG – ŠEVENINGEN – ROTERDAM –
ТЕРМИНИ 20.10 – 23.10. /16.11 – 19.11.2023
4 дена / 3 ноќи / со авион од Скопје
ЕСЕН во ЗЕМЈАТА на ЛАЛЕТО
Земјата на лалето, кломпите, сирењето, пивото, ветерниците, дијамантите, дворците, земјата на толеранцијата и перфекцијата…
Овде е најнаселениот дел од стариот континент, кој едноставно треба да се види и доживее.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1.ДЕН СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ_ПЕШАЧКА ТУРА
Состанок на групата на аеродромот “СКОПЈЕ” во договореното време. Лет за Ротердам. По пристигнување со железница се упатуваме за Амстердам. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности или можност за пешака тура во Амстердам. Посета на јужната оска со својата модерна архитектура и престижни објекти, олимписката четврт на градот, музеите, концертната сала, Van Gog музејот, Rijks музејот, плоштадите Vaterlo и Rembrant, реката Amstel со своите мостови, кралската палата. (користење на метро и др. превозни средства). Слободно време за вечера. Ноќевање.
2.ДЕН АМСТЕРДАМ – МИНИ ХОЛАНДСКА ТУРА
Доручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за организирање на факултативен излет – Мини холандска тура (ветерници, кломпи, сирење). Посета на живописното село Zaanse Schans – познато по ветерниците и работилниците на кломпи. Потоа заминуваме за Volendam – познато рибарско место на брегот на Северното море. Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време за вечера. Ноќевање.
3.ДЕН АМСТЕРДАМ – ОГЛЕМА ХОЛАНДСКА ТУРА
Доручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за организирање на факултативен излет – Голема холандска тура (Hag, Sheveningen, Roterdam). Посета на градот Hag, каде се наоѓа седиштето на парламентот на Кралството Холандија и палатата на Мирот, каде се наоѓа судницата на Хашкиот трибунал. Потоа заминуваме во посета на Sheveningen. Прошетка по брегот на Северното море. Продолжуваме кон Roterdam – центарот на моќта и најголемото пристаниште во светот. Обиколка на градот: Euromast кулата, Kijkskubus (комплексот на станови во вид на криви пкоцки), градската куќа, трговскиот дел на градот… Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време за вечера. Ноќевање.
4.ДЕН АМСТЕРДАМ
Доручек.Слободно време за индивидуални активности се до времето предвидено за трансфер до аеродром. Лет за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
Цената вклучува:
– Повратен авионски превоз на релација Скопје-Eindhoven-Скопје
– Аеродромски такси
– Сместување во хотел на база 3 ноќевања со доручек во двокреветни соби
– Градска комунална такса
– Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром
– Лиценциран туристички пратител од Скопје
– Пешачка дневна или ноќна тура во Амстердам со локален водич
Цената не вклучува:
– интернационално патничко/здравствено осигурување
– влезници, факултативни излети и метро карти
– индивидуални трошоци
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7