02-07 Maj 2024 ДАНСКА И ШВЕДСКА
6 дена – 5 ноќевања
1 Ден – 02 Мaj (Четврток) СКОПЈЕ – КОПЕНХАГЕН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Директен лет за Копенхаген vo 18.30ч. (2.55мин) Пристигнување во Копенхаген во 21.25ч. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
2 Ден – 03 Мај (Петок) – КОПЕНХАГЕН
Појадок. Организиран разглед на градот. Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен. Пауза за ручек и слободни активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 Ден – 04 Мај (Сабота) – МАЛМE – ШВЕДСКА (факултативна екскурзија)
Доручек. Факултативна екскурзија во соседната земја Шведска, преку мостот Оресунд, најдолгиот комбиниран мост-тунел во Европа. После 35 минути пристигнување и разглед на Малмe, кој до 17 век бил дел од Данска. Денес во малмо успешно се спојуваат традицијата и современиот начин на живот. Највисоката зграда во Скандинавија Turning Torso висока 190м. Црквата Св.Петар една од најстарите градби во Малмe, Малиот плоштад со многу шарм и убавина, Густав Адолф плоштадот, Градската библиотека, замокот Малмохус. Враќање за Копенхаген во попладневните часови. Слободно време за индивидуални посети на многубројните музеи, галерии и време за шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 Ден – 05 Мај (Недела) – КОПЕНХАГЕН – РОСКИЛД
Појадок. Факултативна екскурзија до Роскилд, 40км западно од Копенхаген. Влезете длабоко во данската историја од Викинзите до денес, градот нуди неверојатен увид во светот на Викинзите и нивната ера, кој повеќе од илјада години бил нивен главен трговски центар. На самото пристаниште се наоѓа Музејот на бродови на Викинзи, каде има бродови од 11 век, како и активено бродоградилиште. Разглед на градот и неговите знаменитости. Центарот на градот го красат готската катедрала Роскилд најстарата црква во Северна Европа, која истовремено е и гробница на кралското семејство на Данска. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 Ден – 06 Мај (Понеделник) КОПЕНХАГЕН
Појадок. Ден за слободни активности. Ноќевање.
6 Ден – 07 Мај (Вторник) КОПЕНХАГЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот. Слободни активниости и уживње во последниот ден во Копенхаген. Трансфер до аеродром во 18ч. Директен лет за Скопје во 22.00 часот (2.40мин) Пристигнување во Скопје во 00.40ч.
Цена на аранжманот 799 Евра
Поради големи промени на цените на авионските карти, потребно е да се уплати депозит за резервација на патувањето од 200 евра за да може да се реализира програмата според наведената цена. Останатиот дел од уплатата со факултативните екскурзии најкасно до 1 Април 2024.
Цената е за дадениот момент, при повисока цена на авионските карти се зголемува и цената на аранжанот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА 070 890 405
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА!
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7