30.12 – 02.01.2024
1 Ден -30 Декември (сабота) СКОПЈЕ – КОПЕНХАГЕН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје . Директен лет за Копенхаген. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
2 Ден – 31 Декември (недела) – КОПЕНХАГЕН
Појадок. Организиран разглед на градот. Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен. Пауза за ручек и слободни активности. Припреми за дочек на Новата година 2024. Се упатуваме до еден од најголемите плоштади City Hall Square. Прослава со многу музика, најубавиот огномет во светот, прошетка низ уличките за да се почувствува магичната ноќ, многу забава, шампањ, искуства за вечно паметење. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 Ден – 01 Јануари (понеделник) – МАЛМE – ШВЕДСКА (факултативна екскурзија)
Доручек. Факултативна екскурзија во соседната земја Шведска, преку мостот Оресунд, најдолгиот комбиниран мост-тунел во Европа. После 35 минути пристигнување и разглед на Малмe, кој до 17 век бил дел од Данска. Денес во малмо успешно се спојуваат традицијата и современиот начин на живот. Највисоката зграда во Скандинавија Turning Torso висока 190м. Црквата Св.Петар една од најстарите градби во Малмe, Малиот плоштад со многу шарм и убавина, Густав Адолф плоштадот, Градската библиотека, замокот Малмохус. Враќање за Копенхаген во попладневните часови. Слободно време за индивидуални посети на многубројните музеи, галерии и време за шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 Ден – 2 Јануари (вторник). КОПЕНХАГЕН – РОСКИЛД
Појадок. Одјавување од хотел. Полудневна екскурзија до Роскилд, 40км западно од Копенхаген. Влезете длабоко во данската историја од Викинзите до денес, градот нуди неверојатен увид во светот на Викинзите и нивната ера, кој повеќе од илјада години бил нивен гравен трговски центар. На самото пристаниште се наоѓа Музејот на бродови на Викинзи (вклучена влезница) , каде има бродови од 11 век, како и активено бродоградилиште. Разглед на градот и неговите знаменитости. Центарот на градот го красат готската катедрала Роскилд најстарата црква во Северна Европа, која истовремено е и гробница на кралското семејство на Данска. Враќање во Копенхаген во попладневните часови и трансфер до аеродром. Директен лет за Скопје во 22.00 часот. Пристигнување во Скопје во 12.40 часот.
Цена на аранжманот 599 Евра
Поради големи промени на цените на авионските карти во месец Декември и поради пребукираност на хотелите во тој период, потребно е да се уплати целиот износ за резервација на патувањето за да може да се реализира програмата според наведената цена. Патувањето ќе биде отворено за резервации само 2 недели и потоа се затвара групата поради претходно наведените причини.
Цената е за дадениот момент, при повисока цена на авионските карти се зголемува и цената на аранжанот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Пријавување (контакт телефон/SMS/WhatsApp/Viber)
070/890-405 070/296-170
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА!
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7