Еднодневни патувања низ Македонија – посета на древното Овче Поле и градот на Свети Никола – Свети Николе
Каде за 1 мај? Дали знаете дека во непосредна близина на Скопје се наоѓа големата и плодородна Овчеполска Котлина, која е прочуена не само по своите природни карактеристики, туку и по непроценливото културно наследство? За овој 1 мај 2024та, Ви нудиме – еднодневна тура во големото Овчеполие и единствениот град со име на светец во Македонија – Свети Николе.
До 1945 година денешното Свети Николе се нарекувало Свети Никола. Ве водиме на прошетка низ минатото на населбата преку посета на старите цркви, претставување на историјата на регионот и посета на првата црква во Македонија којашто е посветена на Света Лидија Македонска.
На само 4 километри од Свети Николе се наоѓа селото Кнежје во чиј атар е археолошкиот локалитет „Билазора“. Археолозите претпоставуваат дека тука се наоѓал славниот град од антиката – Бела Зора. Со оваа тура ќе имате можност да го посетите најрепрезентативниот антички локалитет во Република Македонија.
По паузата, Ве водиме на возвишението Ѓуриште, коешто чува траги од сите познати ери и епохи на човечкото минато. Познато како воздушна бања, ова возвишение со децении привлекува посетители и туристи кои се во потрага по чист воздух, прекрасни пејсажи и културни знаменитости. На крајот од турата ќе го посетиме стариот Ѓуришки манастир.
На патувањето низ древното Овчеполие ќе нè придружува искусен водич кој ќе Ви ги претстави традицијата, културата и наследството на овој регион.
Програма за патувањето:
Поаѓање од Скопје – 7:00
Пристигање во Свети Николе – 08:00
Посета на Црквата „Свети Николај Чудотворец“ и на подземната црква „Свети Прохор Пчински“ 08:00 – 08:45
Претставување на минатото на Овчеполието и Свети Николе пред Народниот музеј – 09:00 – 09:15
Посета на црквата „Света Лидија Македонска“ – 09.30 – 10:15
Посета на археолошкиот локалитет „Билазора – Бела Зора“ – 10:30 – 12:00
12:00 – 14:00 – пауза, слободно време, ручек
Посета на возвишението Ѓуриште и манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ – 14:30 – 17:30
17:45 – поаѓање за Скопје
19:00 – пристигање во Скопје
За остварување на турата се потребни минимум 20 патници *
За резервирање на 3+ места – нудиме одличен попуст *
Цена за 1 лице – превоз, патничко осигурување, презентација од туристички водич = 1500 денари *
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7