ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА БАЛКАН ЕКСПЛОР
ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ЕРУСАЛИМ
СЕПТЕМВРИ 24 -28/2026
5 ДЕНА – 4 НОЌЕВАЊA
1 ден Ерусалим
Состанок на групата на Ул.Македонија пред Шпаркасе Банка
(поранешен Хотел Бристол) на 23/09 во 20.00 часот. Трансфер до
аеродромот во Софија, Бугарија. Директен лет за Тел Авив во 05.40
часот . Пристигнување во Тел Авив во 08.15 часот (локално време)
По пристигнување на најголемиот аеродром на блискиот исток ‘’Бен
Гурион” се упатуваме кон хотелот во Ерусалим, мал одмор и
започнуваме со разглед.
Црква Св.Ана (Светите Јоаким и Ана, родителите на Пресвета
Богородица
Преториумот/местото на осудување на Христос
Виа Долороса – Крстниот пат
Станиците на Крстниот пат – по тесните улички на стариот град
Црквата на Светиот Гроб
Голгота – местото на Христовото распетие
Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.
2 ден Витлеем-Ерихон Мртво море
Доручек. Тргнување за Витлеем. Посета на Храмот на Исусовото
раѓање, Млечната пештера – исцелително место. Посета на
сувенирница по набавни цени.
Продолжуваме за Ерихон. Манастир на Искушението – православен
манастир посветен на Четриесетдневното искушение на Господ Исус
Христос. Манастирот е изграден во карпа и се пристигнува со жичара.
Потоа следува прошетка низ манастирот. Продолжуваме кон Мртво
море. Најниската точка на копното на земјата. Познато е по својата
исклучително солена вода со висока концентрација на минерали и сол,
поради која телото природно се одржува на површината. Можност за
капење како и нанесување на минерална кал, која има благотворни
својства за телото и кожата. Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.
3 ден Ерусалим
Доручек
Светата гора Елеон каде Господ Исус Христос беседел со апостолите и
го оплакувал Ерусалим
Маслиновата Гора и црквата каде Исус се вознесува на неботоГетциманската Градина
Руската православна црква Марија Магдалена
Храмот на Пресвета богородица
Патот на болката и страданието
Храмот на Исусовото Воскресение
Плочата на миропомазание и Голготата
Ал Акса и Златната Купола – свети места на муслиманите
Ѕидот на плачот – свето место на Евреите
Враќање во хотел вечера и ноќевање.
4 ден (27/09) Назарет-Река Јордан-Галилејско езеро
После доручекот одиме кон северот на земјата
Градот Назарет, во кој живееше Господ Исус Христос до својата 30та
година
Црква во чест на Архангел Гаврил при изворот на Дева Марија каде ја
прими Благата вест. Од овој извор и Самиот наш Господ Исус Христос
додека живеел во Назарет полнел и пиел вода.
Храмот на Благовештението над домот каде што живеело семејството
Посета на црковна сувенирница
Потопување во светите води на реката Јордан
Галилејско Езеро со факултативна можност за крстарење и ручек
автохтоната риба Петровка
Околу 20 часот враќање во хотел. Вечера и ноќевање
5 ден Ерусалим
Доручек. Слободни активности во Ерусалим до 12 часот.
Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродром. Лет за Софија во 16.05
часот. Пристигнување во Софија во 18.50 часот. Трансфер до Скопје.
Пристигнување во 23.00 часот.
Цена на аранжманот: 990 евра
Депозит за резервација на патувањето 300 евра
СПЕЦИЈАЛНА РАСПРОДАЖБА
САМО 5 ДЕНА!
ПРОМО ЦЕНА 880 ЕВРА
Цена за деца до 12 години 600 евра
Целосна уплата најкасно 15 дена пред патувањето
Местата се ограничени!
(За минимум 15 патници)
Цената на туристичкиот аранжман е променлива и може да се корегира
во зависност од актуелните цени на авионските билети.
Поради динамичните услови на авиосообраќајот и можните промени во тарифите од страна на авиокомпаниите, конечната цена се потврдува во моментот на резервација.
Ви благодариме за разбирањето.
Информации и резервации на 070890405
Во цената на аранжманот е вклучено:
• повратен авионски билет Софија – Тел Авив – Софија
• аеродромски такси
• трансфер од Скопје до аеродромот во Софија
• 4 ноќевања на база на полупансион (доручек и вечера шведска
маса) во хотел со 3 ѕвезди по локална категоризација
• сите трансфери и посети според програмата
• претставник од агенцијата
• свештено лице на патувањето
• Еден куфер (ранец) со димензии 40х30х20 максимум 10кг и мала
рачна ташна
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Екскурзија број 1 – Возење со жичара, ручек и влезница на
организирана плажа на Мртво Море – (70$)
• Екскурзија број 2 – Тура со брод по Галилејско езеро со ручек во
рибен ресторан – (70$)
• EVISA (агенцијата аплицира 10$)
• Одежда за влез во реката Јордан со сертификат (10$)
• Грамота издадена од Ерусалимската патријаршија (10$)
• Патничко осигурување
• Доплата за еднокреветна соба 100 евра
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
• Во случај на помал број од 15 пријавени патници, агенцијата го
задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на
аранжманот.
• Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на
промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени
и цената на аранжманот.
• Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7
дена пред патувањето.
• Плаќањето за екскурзиите и доплатите во врска со ова патување,
патниците го вршат првиот ден по пристигувањето во долари или
евра.
• Содржината на дневните тури и секојдневните разгледи се
подложни на промени (условени од оправдани причини: застој во
сообраќај, локални штрајкови, политички собири, немири, лоши
временски услови).• Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби, поглед
на море, базен или соба со балкон, агенцијата не може да
гарантира.
• Категоризацијата на хотелите е врз основ на категориите во
договорот помеѓу организаторот на патувањето и ИНО партнерот.
Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот
и организаторот нема влијание на истата.
• Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по
пристигнување во хотелот, а пратителот на групата само ги
доделува клучевите од собите.
• Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на
собата или колемината на креветите, освен во случај кога има
доплатата за истите.
• Еден хотелски ден како и услугите во истиот започнуваат од 14
часот од денот на важноста на аранжманот до 12 часот на пладне
на последниот ден на аранжманот, без разлика кога гостинот ќе
влезе/излезе од хотелот.
• Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден
пред 14 часот / последниот ден по 12 часот се подложни на
дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од
напуштање на собите до моментот за трансфер до аеродром,
секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
• Дополнителните/помошните кревети се на расклопување и
најчесто се со помали димензии од стандардните кревети. Некои
од хотелите не нудат дополнителен кревет и во истите децата го
делат со родителите.
• Агенцијата не сноси одговорност и неможе да влијае доколку
некој од патниците биде задржан или вратен од царинските или
полициски служби или имигранционото биро на аеродромот при
влез во Израел.
• Во случај ако некој патник биде вратен од безбедностните служби
на израелскиот аеродром, уплатените средства не се враќаат од
причина што сите услуги и трошоци според програмата однапред
се плаќаат.
• Израелските служби на аеродром имаат право да повикааат некој
од патниците на разговор по нивен случаен избор.
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ
УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ,

Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7