ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА БАЛКАН ЕКСПЛОР ЛИЦЕНЦА А
КАНАРСКИ ОСТРОВИ ГРАН КАНАРИЈА И ТЕНЕРИФЕ
20 – 29 СЕПТЕМВРИ 2023 10 ДЕНА – 9 НОЌЕВАЊА
ЦЕНА 940 ЕВРА
Ден 1 – 20/09 Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Летот од Скопје за Лас Палмас е во 09.00 наутро, се пристигнува на островот во 17.00 по локално време. Организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотели со високи 3* и 4* со вклучен доручек.
Ден 10 – 29/09 Напуштање на хотелот во раните утрински часови. Трансфер до аеродром. Летот од Лас Палмас за Скопје е во 10.30 по локално време. Пристигнувањето во Скопје е во 19.30.
Во цената е вклучено: авионски превоз, трансфери и хотелско сместување со вклучен доручек.
Во цената не се вклучени факултативните екскурзии.
Можност за факултативни екскурзии во текот на престојот.
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
Во случај на помал број од 15 пријавени патници, агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
Плаќањето за екскурзиите и доплатите во врска со ова патување, патниците го вршат првиот ден по пристигувањето во евра.
Содржината на дневните тури и секојдневните разгледи се подложни на промени (условени од оправдани причини: застој во сообраќај, локални штрајкови, политички собири, немири, лоши временски услови).
Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби, поглед на море, базен или соба со балкон, агенцијата не може да гарантира.
Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот, а пратителот на групата само ги доделува клучевите од собите.
Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплатата за истите
Еден хотелски ден како и услугите во истиот започнуваат од 14 часот од денот на важноста на аранжманот до 12 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот.
Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14 часот / последниот ден по 12 часот се подложни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштање на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
Дополнителните/помошните кревети се на расклопување и најчесто се со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат дополнителен кревет и во истите децата го делат со родителите.
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА!
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7