Kралскиот МАДРИД
Мадрид град на сонцето, паркови, традиција и страст, украсен со широки булевари, импресивни палати, пространи плоштади и раскошни фонтани. Дозволете да ве понесе неговата весела песна и единственото Фламенко, звукот на кастањети, магичната корида и надалеку познатата сангрија!
Состанок на групата пред Дрво Декор во Скопје во 07:00 часот. Се упатуваме кон Тирана, со планирано пристигнување околу пладне. По што веднаш започнуваме со градска прошетка, каде ќе ги посетиме: Централниот плоштад Скендер Бег, Операта, Џамијата Етем Беј, Бетонската пирамида изградена од ќерката на албанскиот претседател Енвер Хоџа. Слободно време за ручек. Во 14:00 часот се упатуваме кон аеродромот, летот за Мадрид е предвиден во 17:30 часот. По пристигнувањето следува трансфер до хотелот и сместување. Ноќна прошетка низ центарот на Мадрид. Ноќевање.
Појадок. Потоа следува City Tour со локален водич, кој ќе ни ги открие тајните на градот, и ќе ни даде одговор на прашањето кој град е поубав Мадрид или Барселона? Посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми. Прошетка ќе заврши во познатиот парк Ретиро. Слободно време за ручек. Во 18 часот ќе го посетиме еден од најголемите музеи во светот ПРАДО кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок – сангрија. Ноќевање.
Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Величественото ТОЛЕДО, некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска. Заедно со локален водич ќе ги посетиме сите знаменитости во Толедо, вклучувајќи ги Plaza de Zocodover и Puente de Alcantara. Во слободното време може да уживате во некој од кафе баровите и рестораните око главниот плоштад. Неизбежен дел од посетата на овој град се и музејот EL GRECO и тврдината ALCAZAR која се издига над Толедо.
Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран Виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Слободно попладне се до 19 часот кога ќе се упати кон аеродромот. Лет за Тирана во 21:50 часот.
ЦЕНА …………. 550 Евра
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7