И Р А Н
ЦЕНА …………………….. 1.750 евра
Термини:
Програма
Ден 1: Софија – Истанбул
Поаѓање од пред Холидеј Ин во 12ч напладне. Лет од Софија во 21:30ч од терминал 2 за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 22:25ч.
Ден 2: Истанбул – Техеран
Лет од Истанбул за Техеран во 01:25ч. Пристигнување во Иран наутро во 06:05ч. Претставник од партнерската агенција ќе не пречека на аеродромот во Техеран. Вадење на виза, трансфер до хотел. Пристигнување во хотел со 5*. Кратко време за одмор по што започнуваме со програмата со посета на Дворецот Голестан. Градбата на “Двореца на розите” започнува во XVI век. Низ вековите прераснува во комплекс од посебна општествена важност, каде пристапот бил ограничен. Ќе ги посетиме Мраморната и Огледалната сала, ќе се прошетаме во дворовите на комплексот, каде ќе видиме неверојатни мозаици, стенописи и интересни архитектонски решенија. Разглед на модерната архитектура на Тeхеран – Мостот Табијат – долг 270м, на 3 спрата, со плоштина од 795 кв.м. во реонот Абас Aбад на Техеран.
Вечера. Ноќевање.
Ден 3: Техеран
После доручекот продолжуваме со обиколката на градот.
Националниот музеј на Иран – одкриен во 1937г. Во две одделни згради на три спрата се колекциите на древна персиска керамика, историски метални предмети, од древни до средновековни персиски антики, археолошки артефакти од Палеолит до предмуслиманскиот период. Тука се наоѓа најбогатата колекција и најпредставителниот музеј во Исламската Република Иран.
Националниот музеј на килимите.
Вечера. Постои можност да се посети квартот Дербент – местото, каде се забавуваат младите техеранци. Ноќевање.
Ден: 4 Абиане – Кашан
После доручек ќе отпатуваме кон селото Абиане – одалечено 320 км. Задскриено во полите на планината Карсак, селото е основано од избеганите зороастријци, кои не сакаат да ја сменат религијата од седмиот век. Селото живописно е разположено во долина. Далечинатана местото помогнала во сочувување на битот и културата, на јазикот и традициите. Цветните носии се кроени согласно керамидно кафеавата боја на куќите. Патување назад во минатото. Тоа е едно од најстарите села, сочувано до денес. Пријатна прошетка низ уличките што ќе не врати назад низ вековите. Освен своето гостопримство мештаните ќе ви предложат да си купите сушени продукти. Време за ручек со чаша ароматичен чај или кафе, по што ќе отпатуваме за Ниасар водопадот.
Продолжуваме до Кашан 90 км.
В периодот XII-XIV век Кашан бил еден од значајните места на керамиката. Ќе разгледаме типични куќи во Стариот град.
Куќата Табатабеј – изградена во 1880г. од Сејед Џафар Табатабеј, трговец на килими. Еден од примерите за градска архитектура во Иран. Домот се состои од повеќе од 40 соби, 4 надворешни двора. Прекрасните прозорци и витражи ќе го привлечат вашето внимание.
Куќата Боружерди – куќата на Хаџ Сајед Натанци, трговец. Изградбата на овој комплекс траела околу 18 години. За време на изградбата учествувале повече од 150 работници, вклучително каменорезци, ѕидари, стаклари и други занаетчии.
Бањата на шах Амир Ахмад е со големина од 1102 квадратни метри. Куполниот покрив на оваа општествена бања е еден од најубавите во Иран. Над секој купола сае поставени стаклени панели со изпакнати леќи, кои, като осигуруват доста светлина за различните делови на хамамот. Соблекувалната е октагонална, разделена на осум колони. Во центарот има осмоаголник а високиот таван е украсен со плочки.
Вечеряа. Ноќевање.
Ден 5: Кашан – Исфахан
Доручек. Посета на градината Фин, вклучена в списокот на УНЕСКО. Изградбата на градината е завршена во 1590г. Пространството е украсено со различни видови дрва, кои прават пространството меѓу павиљоните. Таму се наоѓа и бањата, во која е убиен Амир Кабир, премиер на Иран и првиот реформатор на земјата на крајот на XIX век.
Продолжуваме за Исфахан – третиот по големина град на Иран и главен град на древна Персија за време на Сефевидската династија. Ќе патуваме 200 км.
Ќе го посетиме ерменскиот кварт Џуфла, каде шахот Абас I одлучува да се населат повеќе од 150 000 занаетчии, предприемачи, трговци во далечната 1135г. Ќе ја посетиме катедралата Ванк, изградена во период од 1605г. – 1655г. Таа е микс од христијанска и мусилманска архитектура.
Посета на Мостот со триесет и три прстени и Мостот Кажу.
Вечера. Ноќевање.
Ден 6: Исфахан
После доручекот одиме на целодневна тура до Исфахан. Започнуваме со прошетка на централниот плоштад Наше Џан.
Посета на дворецот Али Капу, кој се смета за еден од најважните архитектонски достигнувања на XVII век. Изградбата е завршена во 1644 г. За време на владеењето на шах Абас, били доградени уште неколку спрата. За време на владеењето на шахот Абас II е доградена големата ложа заедно со колонадата.
Посета на џамијата на шеихот Лотфола, кој е еден од најголемите шиитски богословци и очув на шахот Абас. Најубавата џамија во светот! Интериерот има осмоаголна форма и е поплочен. Насекаде може да се сретнат калиграфски творби на Али Реза Абаси.
Ручек. Посета на Дворецот Чеел Сотун – градината Чеел Сотун е голема над 67 000 квадратни метри и е мал дел од големиот парк “Џахан Нема”, кој датира од периодот на Сефевидската династија.
Вечера. Ноќевање.
Ден 7: Јазд
После доручекот се возиме околу 320 км.
Градот Јазд е еден од нај древните градови на Иран и главен град на Персија во времето на Музафаридите, вклучен е на списокот на УНЕСКО. Се спомнува уште и како градот Исатис од древна Мидија. Ќе ја посетиме Кулата на молкот и Храмот на огнот, за да го видиме односот кон животот и смртта.
Ручек. Ќе го посетиме Стариот град и неговите кривулести улици, кули и куќи. Градот е прославен по локалните највкусни слатки, затоа ќе го посетиме и комплексот Амир Чакмак и пазарот пред комплексот.
Посета на музеј на вода.
Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 8: Пасаргад – Персеполис – Шираз
После доручекот одиме во посета на некогашниот главен град на Персија во времето на Ахеменидите и шахот Кир Велики – Пасаргад, кој бил ограбен и опожарен од Александар Велики. Возење околу 350 км. Ќе направиме слики околу гробницата на персискиот шах.
Посета на археолошкиот комплекс на Персеполис, Источната порта, Воениот дворец, дворецот Ападана и фреските на делегациите.
Посета на скалните гробници и барелефи во Никше – Рустам – кои чекаат одобрение да бидат вклучени во списокот со културните наследства на УНЕСКО. Naqsh-е Rostam е името на древниот комплекс, кој од древни времиња се смета за религиозно свештено место. Таму се гробовите на Ахеменидските крал Дариј Велики, Ксерск, Дариј Втори, Кааба на Зороастор, има Сасанидски барелефи и натписи, камени и религиозни слики.
Патот продолжува за Шираз – градот на розите, виното и персиските поети. На влезот на градот има старата порта и споменик на Саади.
Вечера. Ноќевање.
Ден 9: Шираз
После доручек започнуваме со целодневна тура во Шираз. Застануваме кај “Розовата џамија“ – Насир ол Молк џамијата, која е една от древните џамии во Шираз. Изградбата на оваа историска и религиозна зграда како забележителен пример на архитектурата од иранскиот период започнува во 1876 г. Таа е дигната од Мирза Хасан Али Кан, викан Насир ол Moлк од благородниците и аристократите на Шираз. Џамијата е една од најубавите во Иран а нејзините украси се уникатни.
Посета на градината Ерам Гарден, вклучена во списокот на УНЕСКО.
Вечерна прошетка со посета на гробниците на персиските поети и филозофи Хафез и Саади. Стиховите на Хафез се преведени на сите европски јазици. Во Иран со векови постои традиција да се цитираат стиховите на Хафез, кога некој е на крстопъта, има животни тешкотии или бара решение по фундаменталните прашања на битието. Во гробницата на Хафез се бара одговор, совет и пророштво. Возвишението од поезијата на Хафез денес се оценува како пример за премостување на временските, географските, културните и религиозни граници меѓу Западот и Ориентот.
Вечера. Ноќевање.
Ден 10: Шираз
Посета на комплексот Вакил со големина од 8660 квадратни метри. Цветните декоративни плочки датират од Каџарскиот период. Во дел од комплексот се наоѓа бањата Вакил и пазарот Вакил каде може да си купите разни благи производи, зачини, шалови и марами и бижутерија.
Посета на Цитаделата и Градината на птиците.
Ден 11: Шираз – Софија
Во раните утрински часови поаѓаме за Турција со компанијата Turkish Airlines. Полетуваме во 02:45ч. од Шираз и слетуваме во 05:40ч. во Истанбул. Следното полетување е во 07:50ч. од Истанбул и пристигнуваме во 09:05ч. во Софија. Околу пладне влегуваме во Македонија.
Цената вклучува:
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7