Ден 1 – Состанок на групата на Скопскиот аеродром . Тргнување за Лисабон со стоп во Франкфурт со Луфтаханза.Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 2 – Доручек. Разглед на Лисабон. Плоштадот Markus de Pombai, паркот Едвард VII најголемиот парк во Лисабон со поглед на море. Кулата Белем, најпосетеното туристичко место изградено 1516 година. Посета на Манастирот Јеронимос завршен со изградба во XVII. Манастирот е изграден според проектот на архитектот Diogo de Boitaca, на местото каде што Vasco de Gama се молел пред патувањето за Индија. Тука се наоѓа и неговото гробно место сместено во внатрешноста на црквата. Продолжуваме до најстариот дел на градот – Алфаму. Поминуваме покрај плоштадот Praca Do Comercio со преубаво украсена порта. Пред земјотресот кој го погодил Лисабон 1755 година бил уништен поголем дел од портата, а претходно бил седиште на кралското семејство. Разглед на поголем дел од туристичките атракции во Алфаму и слободно време за разглед и уживање во убавините на гланиот град на Португалија. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3 – Доручек. Факултативна екскурзија до Sintra и Cascais. Посета на историскиот центар Sintra познат по романтичната архитектура од 19 век. Продолжуваме до Cascais Marina една од најпознатите туристички дестинации со луксузни хотели, ресорти, преубави плажи и казина на преубавата Португалска ривиера.
Ден 4 – Доручек. Факултативна екскурзија до Статуата на Исус ( Cristo Rei) во Алмада, слична на статуата во Рио де Женеиро. Со прекрасен поглед на на градот Лисабон и можност за прекрасни фотографии. Продолжуваме со посета на винарија и дегустација на португалски традиционални вина. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 5 – Доручек. Ден за слободни активности и уживање во прекрасниот Лисабон. Ноќевање.
Ден 6 – Доручек. Напуштање на хотелот и трансфер до аеродром. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 650 евра
За резервација на патувањето потребна е уплата од 300 евра, а останатиот дел од износот заедно со екскурзиите најкасно 3 недели пред патувањето. Доколку нема направена резервација, цената подлежи на промени поради постојана промена на цените на авионските карти.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Пријавување (контакт телефон/SMS/WhatsApp/Viber)
070/890-405
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА!
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7