СОЛУН – ФИЛИПИ – КАВАЛА
8 – 10 МАРТ 2024 ( 2 НОЌЕВАЊА)
ДЕН 1 (08 МАРТ ПЕТОК) Тргнување за Солун во 5 часот наутро. Пристигнување во Солун во 10 часот по грчко време. Посета на црквата посветена на Св.Димитрија – светец -заштитник на градот Солун. Базиликата е изградена на местото на мачеништвото на Св.Димитрија. Од своето основање претставува и место на реликвии поврзани со овој светец. Моштите на светителот од средината на 11 век се почитувани како мироточиви.
После посетата на црквата слободно време за уживање во центарот на Солун.
Во 15 часот се упатуваме кон хотелот. Време за одмор и релаксација. Вечерта организирано 8 Мартовско славење во традиционална таверна со традиционална музика.
Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 2 (09 МАРТ САБОТА) Доручек. Тргнување за Филипи, местото каде што Св.Павле по патот на својата мисија за покрстување во Европа ја крштева првата жена Лидија. Посета на црквата посветена на Св.Лидија и местото каде што е направена првата крштевка во Европа. Продолжуваме кон градот Кавала. Градот се наоѓа во заливот Кавала наспроти островот Тасос. Слободно време за уживање, разглед и посета на традиционална таверна.
Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 3 (10 МАРТ НЕДЕЛА) Доручек. Посета на Манастирот Св.Јован Богослов во Суроти.
Во манастирот се наоѓаат моштите на Св.Арсеније Кападокијски и гробот на Св.Пајсије Светогорец. По завршување на посетата на манастирот се упатуваме кон Космос трговскиот центар каде ќе имате можност за пазарење, одмор и ручек.
Се враќаме за Скопје во попладневните часови.
Цена на аранжманот: 145 Евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО
Пријавување (контакт телефон/SMS/WhatsApp/Viber) 070/890-405
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА!
Balkan Explore се наоѓа во Скопје, С. Македонија.
Специјализирани сме за тури низ Балканот, но секогаш го прошируваме и подобруваме нашиот широк опсег на понуди, како и додаваме нови и возбудливи тури.
+ 389 70 890 405
info@balkanexplore.mk
Скопје 1000, С. Македонија
Пон – Недела : 24/7